Спонтаните абортуси се болно искуство. Загубата не е само губење на бебето. Често е вистинска траума, а загубата може да ве направи многу ранливи и да предизвика поголема тага отколку што некогаш сте замислувале. Поголем од физичкиот стрес е емоционалниот, за кој е потребно повеќе време за да помине.
Жените што тагуваат поради спонтан абортус може да искусат низа симптоми, издвоено од физичките, на пример, себеповредување, губење на апетитот, исцрпеност, пречки во спиењето и дури може да имаат натална депресија и анксиозност. Сепак, она што боли најмногу е дека спротивно на другите нарушувања, за спонтаните абортуси и симптомите поврзани со нив не се дискутира отворено.
Популарната пејачка Бијонсе, која е мајка на три деца, својот семеен живот го чува подалеку од очите на јавноста. Во документарен филм објавен во 2013 година Бијонсе открила дека го изгубила првото дете со спонтан абортус, додавајќи дека тоа било нешто најтажно што некогаш ѝ се случило:
– Слушнав чукање на срце, што беше најубавата музика што сум ја слушнала во животот. Но подоцна, летав назад во Њујорк за да се проверам – и немаше повеќе отчукувања на срцето. Тоа искуство беше најтажното низ кое сум поминала.
Како и да е, во ново интервју Бијонсе открива дека имала не само еден, туку повеќе спонтани абортуси. Поминувањето низ таквите искуства многу лошо ѝ влијаело и ја сменило нејзината перспектива за животот и кариерата. Преку тоа искуство изгубила многу повеќе од бебињата:
38-годишната ѕвезда, која е мајка на три деца, Блу Ајви (8) и близнаците Руми и Сир (3), неодамна се отворила за своите неочекувани абортуси пред да ја добие Блу Ајви.
– Почнав да барам значење кога животот почна да ме учи лекции кои не знаев дека ми се потребни. Успехот изгледа многу поразлично за мене сега -вели Бијонсе. Таа исто така додала дека губењето на бебето за неа било екстремна траума и нешто за кое не била подготвена, па го искусила вистинското значење на болката и страдањето:
– Научив дека целата болка и загуба, всушност, се подароци. Спонтаните абортуси ме научија дека треба да бидам мајка на самата себе пред да бидам на некој друг. Потоа ја добив Блу Ајви, а потрагата по цел за мене стана многу подлабока. Умрев и повторно оживеав во мојата врска, а потрагата по себеси стана посилна. Тешко е да се вратам назад.
фотоизвор: „Инстаграм“
Освен што го насочувала вниманието кон работата, нејзин приоритет станала потрагата по нешто повредно во животот:
– Да се биде број еден за мене веќе не беше приоритет. Мојата вистинска победа е да создавам уметност и наследство кое ќе живее многу повеќе од мене. Тоа ме исполнува – вели Бијонсе.
Поради лошите искуства, Бијонсе сфатила дека нејзиното семејство треба да ѝ биде број еден приоритет, без разлика колку успешна и славна е. Можеби, тоа ја натерало да се постави и позаштитнички во однос на семејството, пред публиката, па тоа и го искажува.
Сега кога има три деца, Бијонсе вели дека го пронаоѓа балансот и за тоа е екстремно благодарна – да биде мајка што работи, да биде тука за децата и да биде присутна во сегашноста:
– Мислам дека најстресно ми беше балансирањето на работата и живот. Сакам да сум присутна за моите деца – да ја оставам Блу Ајви на училиште, да ги однесам Руми и Сир на нивните активности, да создадам време за состаноци со мојот сопруг и да бидам дома за вечера со моето семејство – сето тоа додека водам компанија, а тоа е голем предизвик. Жонглирањето со сите овие улоги може да биде стресно, но сметам дека тоа е животот на секоја мајка што работи“.