Дали некогаш сте посакале да бидете мајка-суперхерој?

Не постои подобро чувство од сознанието дека детето смета оти сте вистински херој и да ве гледа со очи полни со восхит. Повеќето родители, макар потајно, сакаат нивните деца да бидат горди на нив и да ги сметаат за семоќни.

Децата, од друга страна, многу е тешко да ги импресионирате. Да се биде суперхерој бара многу работа, а секојдневните обврски не ви го олеснуваат патот. Доволна е една грешка за титулата суперхерој да ви биде одземена и да се најдете на почетокот од трката. Но, има неколку насоки кои ќе ви помогнат да станете мајка-суперхерој во очите на своите деца. Бидејќи секоја мајка заслужува да биде.

Водете сметка за своите деца од првиот ден

Очигледно, зарем не? Но, ако е толку очигледно, зошто толку родители ги пропуштаат училишните приредби на своите деца, нивните натпревари во спорт или едноставно не се тука за нив на друг начин? Грижата за детето не се завршува само со обезбедување на острите рабови во домот, ниту со ставање кацига на главата додека детето вози велосипед. Вашето дете мора да знае дека сте секогаш тука за него, кога и да сте му потребни, а не дека е на второ место во однос на вашата работа, на пример. Исто така, бидете еден чекор напред и понудете се некаде да го однесете или со нешто да му помогнете.

Исполнете ги сите секундардни потреби на детето

Факт е дека родителите имаат обичај да мислат дека сите потреби на децата се сведуваат на храна и облека. Меѓутоа, нивните потреби не се ограничени на она што вие мислите дека им е потребно. Во разумни граници, треба да му дозволите на детето да има некоја играчка која многу ја сакало и ја заслужило со добро однесување. Истото се однесува и на слатките. Не можете на децата апсолутно да им ги забраните слатките, бидејќи кога ќе добијат шанса да ги пробаат на друго место, ќе бидат несопирливи по тоа прашање. Ова важи и за цртаните филмови, но и за нивната желба да си играат во паркот. Настојувајте да ги земете предвид потребите на детето од негова перспектива.

Споделете со своите деца убави приказни и бидете им инспирација

Не се вели залудно „луѓето се машини за раскажување приказни“. Секое дете многу полесно ќе усвои нешто ново преку интересна приказна. Работите што ги учат децата на училиште во поголем дел не се интересни, но ако со детето споделите некоја интересна приказна за тоа како вие сте го научиле или како тоа ново сознание детето би можело да го употреби, работите ќе станат поинтересни. Сите приказни од детството споделете ги со своите деца. Запомнете: вие сте им најголема инспирација.

Поттикнете ги децата да истражуваат

Децата по природа се љубопитни и имаат доволно енергија и време да го освојат светот. Бидете мајка која го охрабрува своето дете да излезе од дома и да го истражува светот кој го опкружува. Вистина, качувањето по дрво може да доведе до паѓање, но децата од таквите искуства излегуваат посилни и помудри. Настојувајте да не донесувате одлуки наместо вашето дете. Дајте му можност да проба нешто ново и самото да заклучи дали е способно за тоа или не.

Извор



912

X