Нашата Биби си доби и свој фонт, кој го создаде илустраторката Маја Џеповска. Се надеваме дека буквите и знаците што ќе ги користи Биби полесно ќе допрат до нашата публика, дечињата.

– Идејата на Биби е децата на забавен начин, правилно да ги изучуваат буквите. Со таа цел го направив овој фонт, кој е рачно создаден за полесно разбирање и прифаќање. Тој е едноставен и ослободен од украсни елементи на буквите, со исклучок на малите срценца на интерпункциските знаци кои го прават поразличен и подопадлив за децата во стилот на Биби – вели Џеповска.

Фонтот на Биби можете да го симнете на ОВОЈ ЛИНК

Следете ја Биби на Јутјуб!



912

X