Биби, Боби, Зази и целиот проект „Светот на Биби“ на големо ќе бидат претставени на Форумот на цртани филмови што ќе се одржи од 16 до 19 септември во Тулуз, Франција. Тимот на анимираниот производ, кој во изминатата година на децата во Македонија и пошироко им понуди забавен начин за учење и дружење, ќе учествува на оваа средба на професионалци од цел свет и ќе има свое излагање на последниот ден од фестивалот. Повеќе од илјада учесници од 38 земји, 250 емитувачи и инвеститори од цел свет на едно место ќе ги слушнат најновите идеи и дострели во детската видеопродукција.

Проектот ќе го претстават претставници на „Бибиленд“ – Жарко Стојаноски, Марјан Алексовски, Стојче Ѓорѓиев и режисерот Гоце Цветановски. Во неколку пичинг-средби тие ќе имаат презентација на проектот, кој влезе во речиси секој дом во Македонија.

„Светот на Биби“ е избран меѓу 24-те анимирани проекти наменети за претшколска возраст од Ирска, Холандија, Велика Британија, Финска, Данска, Франција, Германија, Хрватска.

– За три дена целиот европски аниматорски сектор ќе се сретне во Тулуз на Форумот за да конкретизира проекти и да најде финансии. Во време кога натпреварот е глобален, сега е неопходно да ги зајакнеме врските помеѓу европските креатори и продуценти. Cartoon Forum работи 30 години за да направи ова да се случи – вели Доминик Бутона, директор на Форумот и претседател на Националниот центар за кинематографија и анимации.



912

X