На македонскиот пазар излезе од печат нов магазин за деца и родители – „Биби и Боби“, кој е совршен спој на едукативни содржини, креативни активности и семејна забава.
Ова списание од 36 илустрирани страници е внимателно осмислено да ги инспирира и едуцира најмладите, додека ги вклучува родителите во интерактивно и квалитетно поминато време со нивните деца.
Содржини што инспирираат и едуцираат: инспиративна приказна за Амелија Ерхарт, првата жена пилот која го прелета Атлантскиот Океан, претставувајќи ја нејзината животна приказна како поттик за младите генерации.
Патувања низ светот и дома: Франција низ детските очи, мистеријата на славната слика „Мона Лиза“, како и патување низ културниот бисер Крушево.
Забава и интеракција: креативни предизвици, лавиринти, осумнасочник, мозочни загатки и интерактивни игри дизајнирани за поттикнување на логичкото размислување и креативноста кај децата.
Семејни активности: Приказни за заедничко читање, идеални за празнични вечери, како и бонус друштвена игра што ќе му донесе забава на целото семејство.
Специјални подароци и изненадувања: Списанието вклучува подарок специјални сликички за новиот албум „Сказните на Биби“, а сите читатели ќе имаат можност да учествуваат во креативен предизвик. Авторот на најкреативната приказна добива награда – присуство на маскотите Биби и Боби на неговата роденденска забава во 2025 година.
„Биби и Боби“ е уникатен концепт што комбинира едукација, забава и вредности за децата, а истовремено нуди можност за родителите да бидат дел од оваа креативна авантура.
Списанието е во продажба во ГТЦ, ТЦ Лептокарија, „Сити мол“, „Капитол мол“, на е-продавницата www.svetotnabibi.mk и наскоро низ цела Македонија!
(Комерцијална објава)
912