Игротека

Биби ги посети дечињата во градинката „Јахја Кемал“

„Светот на Биби“ пристигна и кај дечињата во градинката „Јахја Кемал“ од Скопје. Заедно пеевме, се смеевме, ги раскажувавме сказните на Биби. Дечињата заедно со нивните воспитувачки беа одушевени од сликовницата „Светот на Биби“ и среќни нурнаа во секојдневието на Биби.

Со помош на аниматорката Маја Џеповска, која е дел од тимот што ја создаде Биби, децата заеднички ја нацртаа Биби на хамер-хартија.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top