Игротека

Биби ги израдува дечињата во Битола

Во неделата, 23 декември, во Битола традиционално по петти пат се реализира хуманитарната акција „Твоето малку е некому многу“. Оваа акција е активност во рамките на школата за лидерство и кариерен развој „Политеа“ и основна цел на акцијата е прибирање нерасиплива храна која се донира на семејства на кои каде им е потребна. Со оваа акција учесниците на школата добиваат можност да организираат настан преку кој ќе насочат дел од своето време и енергија во помагање на другите и добиваат можност да ја покажат својата хуманост на дело. Тие учат како да работат во тим и се охрабруваат да бидат генератори на промените во своето опкружување. Главен организатор-иницијатор на акцијата беше Центарот за европски развој и интеграција од Битола.

На овој настан гостинка беше и нашата Биби. Маја Андоновска преку интеракција со Биби ги долови моментите на среќа и радост кај децата. Дечињата ја учеа азбуката со Биби, ја пееја новогодишната песничка и имаа можност сите, заедно со Биби, да ги гледаат едукативните анимирани филмови.

 

Повеќе за настанот прочитајте на ОВОЈ ЛИНК.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top