Нова година, најубавиот ден од годината за секое дете! А замислете прославата за Нова година да трае цела недела, да одите на патување (низ вселената)… Е сето ова им се случи на нашите другарчиња Биби, Боби и Зази. Прочитајте во новата сказна „Зимска вселенска бајка“.
– Уаааау, проработи суперултрамегабрзината!!! Држете се!!!
Бродот на Дедо Мраз од Заз суперултрамегабрзо исчезна од тој дел на вселената. Пиратскиот брод остана сам, на огромно разочарување на тројцата вселенски пирати.
– Ни избегаа, арррргх – врескаше пиратскиот капетан.
– Аааааррррггхххх – врескаа и двајцата пирати.
А во бродот на Дедо Мраз од Заз владееше весело, претпразнично расположение.
– Јееј, им избегавме – се радуваше Биби.
– Јипи рипи! – потскокна Боби.
Одеднаш вселената се осветли со волшебен, прекрасен огномет во разни бои. Биби и Боби се збунија.
– Ооо, што е тоа? – се чудеше Биби.
– Уф, па тоа е… вселенски огномет! – одговори малку разочарано Дедо Мраз од Заз. – Тоа значи дека веќе е Нова година! Ооо, не успеавме да стигнеме навреме. Но, не грижете се! На Заз Новата година се прославува цела недела, нема да пропуштиме ништо!
– Навистина? – праша Биби.
– О, да, да – рече Дедо Мраз од Заз.
– Јипи рипи!
– Е па, другарчиња, Боби, Зази, Дедо Мраз од Заз… – рече Биби. – Среќна ви Нова годинааа! Јееј!
– Среќна Нова годинааа! – викнаа весело сите.
912