Што ли се крие на дното на волшебното езерце? И што ја натера Деси се однесува како хипнотизирана? Па тоа беше големиот, блескав, прекрасен бисер. Верувале или не, тој бисер не беше обичен. Во еден момент, езерото се брануваше, шумата се смрачи, а бисерот пулсираше со чудна светлина и врeсна – „Врати ме назад во водата!“  Штом Биби, Боби и Деси го турнаа бисерот назад во водата, тој се претвори во преубава сирена, која илјадници години била маѓепсана и претворена во бисер!

Запознајте ја новата другарка на Биби и Боби, сирената Сребра во епизодата „Биби, Боби и чудесниот бисер“, која веќе можете да ја најдете на јутјуб-каналот на Биби.

Приказната ја напиша Билјана Црвенковска, арт-директор е Михајло Димитриевски-Тхе Мичо, а режисер е Никола Чикос. Гласовите ги позајмија Слаѓана Вујошевиќ и Сашко Коцев.



912

X