И покрај тоа што има само 13 години, Лилит Сиоу веќе е една од тату-артистите за кои најмногу се зборува во Сингапур. Лилит првпат се појавила во јавноста со нејзината приказна во 2019 година, кога била дел од „Култур картел“ во Сингапур, каде што ги покажала своите мирни раце и способност да работи под притисок.

Сега веќе има 13 години, а инаку е ќерка на Џозеф Тан, познат тату-артист во Сингапур со над 20 години искуство. Џозеф ја прашал дали е заинтересирани за изработка на тетоважи и дали сака да ги совлада вештините за таа работа, па откако таа се согласила, тој почнал да ја носи во неговото студио.

Малото девојче ги поминувало викендите и празниците дружејќи се со татко си во салонот за тетовирање, набљудувајќи го како работи, па само за 6 месеци било подготвено да ја направи својата прва тетоважа. Првата „жртва“ на Лилит бил еден од пријателите на татко ѝ, кој ја оставил да нацрта лик од цртан филм на неговото тело. Таа била нервозна, а ѝ биле потребни 90 минути за да ја заврши тетоважата, но успеала.

„Бев исплашена на почетокот. Можете да избришете цртеж кога ќе згрешите, но кога цртате тетоважа, тоа е засекогаш – признава таа.

фото извор: odditycentral.com/

Самодовербата на Лилит почнала да се зголемува со текот на времето, па сега зад себе има повеќе сработени тетоважи. Сепак, татко ѝ на шега вели дека нема да дозволи таа да му стави тетоважа, додавајќи дека ќе чува простор на телото кога таа ќе биде целосно подготвена.

Позната како најмладиот артист во Сингапур, Лилит Сиоу ја изучува оваа уметност како ученичка на татко ѝ, но сака да го надмине во не толку далечна иднина. Во 2017 година медиумите објавија и за уште едно дете кое на 12 години бил еден од најмладите тату-артисти – Езра Дормон од Панама Сити.

Извор



912

X