Игротека

Без хаос во кујната: едноставни начини за вапсување велигденски јајца

Со помош на неколку состојки, како и малку труд и неред, може да направите весели велигденски јајца кои ќе бидат единствени.

1. Необична шара со помош на филтер за кафе
Потребно е:
– алуминиумска фолија
– филтер за кафе
– боја за јајца
– јајца

Постапка:
На парче фолија поставете филтер за кафе. По филтерот испрскајте боја за јајца. Потоа, ставете јајце во филтерот. Сè заедно замотајте така што јајцето да биде целосно прекриено со фолија. Оставете да стои над 10 минути. Кога ќе ја одмотате фолијата, јајцата ќе имаат единствени и необични шари.

2. Едноставна шара со помош на истуткана фолија
Потребно е:
– алуминиумска фолија
– боја за јајца
– малку оцет
– јајца

Постапка
Предлагаме првин да ги избелите јајцата во вода со оцет пред варењето. Кога јајцата ќе бидат спремни, можете да ја почнете оваа едноставна постапка. Подгответе ја бојата за јајца во чинија. Јајцето замотајте го во парче фолија, па заедно со фолијата потопете го во бојата 10-ина минути. Кога ќе го извадите, тоа ќе има необични шари што останале од истутканата фолија.

 

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top