Секоја година железницата „Маунтин Худ“ организира настан „Воз до божиќниот град“. Оваа година патувањето беше донирано за деца што се соочуваат со рак или друга сериозна болест. Донацијата беше благодарение на партнерството со Детската асоцијација за рак, организација посветена на педијатриските пациенти и нивните семејства.

Железничката обезбеди 350 места за семејствата за патувањето од реката Худ до „Северниот Пол“ и назад. Топло чоколадо, подароци и посета од Дедо Мраз беа дел од настанот што ја одбележа 15-годишнината од првото одржување на настанот. Обично патувањето чини 67 долари, а трае час и половина, но овој пат беше бесплатно.

– Навистина сме горди што се наши гости и децата и нивните семејства вечерва во нашиот воз – изјави генералниот менаџер на железничката, Рон Кауфман.

Еден од младите патници е Скајла Харпер, 16-годишна девојка. Таа била седмо одделение кога морала да почне со хемотерапија за глиома на оптичкиот нерв, еден вид тумор на мозокот. Третманите продолжиле и во осмо одделение.

Иако таа повеќе не е под режим на хемотерапија, сè уште има тумор. Сепак, вели дека е стабилна и дека е добро.

Како и на повеќето деца, и нејзе ова патување ѝ било прво.

– Навистина сум возбудена, го сакам Божиќ – изјави Харпер.

Друг патник, 11-годишниот Рикер Вистранд, рече дека е воодушевен од дарежливоста на железницата затоа што го одржува настанот без да ги изложи на трошоци.

– Ова беше вистинско изненадување бидејќи понекогаш ваквите работи се чини дека чинат многу пари, но да се слушне дека е бесплатно, тоа е неверојатно – изјави тој.

– Мислам дека е одлично. Многу сум возбудена што ќе го запознаам Дедо Мраз – изјави 14-годишната Сара Фини.

Харпер вели дека нејзиното искуство во педијатриска нега ја инспирирало да продолжи да студира медицина. Моментално таа е ученичка во Центарот за напредно учење во Грешам во нивната медицинска програма.

– Сакам да бидам медицинска сестра за детска онкологија поради начинот на кој ми помогнаа кога бев болна – вели Харпер.

„Воз до божиќниот град“ на железницата „Маунт Худ“ почнува од 16 ноември и трае до 29 декември за време на викендите и одредени денови, и нуди повеќе пати возење во текот на денот.

Извор



912

X