Финските деца ќе имаат бесплатно хоби во текот на училишниот ден благодарение на владата на Финска. Истражувачите за уметничко образование заедно со различни културни организации работеа активно за остварување на овој сон.
Владата на Финска издвои 10 милиони евра во 2020 година и 14,5 милиони евра годишно од 2021 година натаму за спроведување на финскиот модел на бесплатни рекреативни активности за децата, како дел од училишниот ден.
Според финскиот модел, главната цел е да се зголеми благосостојбата на децата и младите. Целта е на секое дете и млада личност да им се даде можност да имаат пријатно и бесплатно хоби во текот на училишниот ден: по правило, пред или по училишниот ден. Финскиот модел комбинира консултации на деца и млади за хоби, координација на постојните добри практики и соработка помеѓу училиштата и давателите на услуги за хоби. Целта е да се воспостави финскиот модел како постојан начин на работа во општините.
Финскиот модел во голема мера е резултат на долгорочната соработка во Опсерваторијата за уметност и културно образование – Финска основана од „Униартс Хелсинки“ и Здружението на фински центри за детски култури – мрежа за соработка помеѓу различни универзитети и други заинтересирани страни.
Според Опсерваторијата, финскиот модел може да има големо влијание врз благосостојбата на децата и младите затоа што ја нагласува важноста на рекреативни активности ориентирани кон децата кои се со висок педагошки квалитет. Опсерваторијата посочува дека секое дете треба да има можност да се запознае и да избере соодветно хоби меѓу различните видови хобија во уметноста или спортот за време на училишниот ден.
Сè почнува со истражување
Основата за сето ова е истражувањето. Голем дел од него е продуцирано од професорката Ева Антила од „Униарт Хелсинки“ и нејзиниот тим истражувачи од Иницијативата за истражување на уметностите – најголемиот истражувачки проект од областа на уметностите што се случил во Финска.
Антила направила детално истражување за ефектите од уметноста, како дел од училишниот ден. Исто така, таа и нејзината истражувачка група изработиле препораки за носителите на политики на различни нивоа на општество. Во една од нивните кратки политики, истражувачите сугерираат дека финските сеопфатни училишта треба да се сметаат за „најголеми културни центри во Финска, каде што висококвалитетно, разновидно уметничко и културно образование е еднакво достапно за сите“.
Според Антила и нејзиниот тим, многу истражувања покажале дека уметноста и културното образование го зајакнуваат културниот капитал на децата и младите и ги поддржуваат нивните капацитети за активно учество во општеството.
Кон поеднакво општество
– Задоволство е да се види дека нашите брифинзи за политики кои се информираат за истражување и соработка со внимателно избрани партнери за интеракција, даваат конкретни резултати кои придонесуваат кон еднаквост, креативност и благосостојба во општеството – вели Каи Лехикоинен, директорка на ЦЕРАДА на „Униарт Хелсинки“ и заменик-директорка на „Артсикуал“.
Иницијативата за истражување „Артсикуал“, координирана од „Униарт Хелсинки“, ги испитува уметностите како јавен сервис, со еднаквоста како почетна точка и истражува како уметноста може да ги исполни социјалните предизвици во 21 век Иницијативата е финансирана од Советот за стратешки истражувања на Академијата на Финска.