Владата на Јапонија најави дека ќе понуди бесплатни градинки за деца на возраст од шест месеци до две години, без оглед на работниот статус на родителите. Програмата треба да започне во април 2024 година во 150 општини, а се планира до 2026 година да се реализира низ целата држава.

Целта на оваа мерка е да се забави падот на наталитетот во Јапонија и да се намали финансискиот товар на семејствата, особено оние со повеќе деца. Според јапонската влада, трошоците за грижа за децата се главна пречка за многу парови, а отстранувањето на таа пречка може да ги поттикне да ги прошират своите семејства.

Сепак, јапонските медиуми посочуваат дека проблем е и тоа што нема воспитувачи што ќе се грижат за децата. Оваа земја со сè постаро население планира да ја прошири финансиската помош за семејствата со деца, да спроведе флексибилни работни аранжмани за родителите и да го подобри квалитетот на образованието и грижата за децата.

Извор



912

X