Воспитување

Бесплатен одмор во Струга за 700 деца од семејства во социјален ризик

Околу 700 деца и нивни придружници од семејства во социјален ризик од цела држава од минатата недела до крајот на летото во пет смени ќе престојуваат на летен одмор во Струга. Одморот се реализира со поддршка од Министерството за труд и социјална политика и Црвениот крст, а сместувањето е во одморалиштето „Мајски цвет“.

Одморот во траење од една недела, кој опфаќа шест полни пансиони, соопштија од Министерството за труд и социјална политика, го користат деца од петто до деветто одделение.

– Наменет е за членови на семејства корисници на гарантирана минимална помош и детски и образован додаток, деца без родители и родителска грижа, како и деца со попреченост, односно корисници на посебен додаток до 26 години возраст – појаснуваат од МТСП.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top