Воспитување

Бен Афлек е загрижен за тоа како го доживуваат неговите деца

Двојниот добитник на „Оскар“, 49-годишниот Бен Афлек, зборувал отворено по прашањето за перцепцијата што јавноста ја има за него во неодамнешно интервју за „Лос Анџелес тајмс“, објаснувајќи дека начинот на кој е прикажан во медиумите не му пречел додека неговите деца не почнале да го забележуваат тоа.

– Дојдов до точка каде што перцепцијата на јавноста беше толку поразлична од она што сум, што едноставно престанав да читам и престанав да се грижам. Но, моите деца потпораснаа и почнаа сами да го следат интернетот и тоа беше најтешкиот дел. Дури и тажниот Афлек – меме, мене ми беше смешно. Мислам, нема некој што не се чувствувал така. Но, потоа гледаат моите деца и си помислувам: Ох, дали ќе мислат дека тато е всушност тажен и дали ќе се грижат за мене? Тоа е тешко – објаснил Афлек.

Тој ги има ќерките Вајолет Ен (16) и Серафин Роуз (13) и синот Семуел Гарнер (9) со поранешната сопруга Џенифер Гарнер, со која беше во брак од 2005 до 2018 година.

– Сите сакаме да им го пренесеме најдоброто од себе на своите деца. Не ми е грижа кој си, сосема сум сигурен дека во некој момент од животот чувствуваш дека си погрешил, никој не сака да им го пренесе тоа на своите деца и тоа е голем предизвик со кој сите се среќаваат, без разлика на проблемите со кои се носат.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top