Во основното училиште во Питомача, Хрватска, владее еуфорија – дури осум вработени жени чекаат принова.

„И додека некои се подготвуваат за доаѓањето на своето прво бебе, некои веќе ја почувствувале магијата на мајчинството. Во една од најпредизвикувачките и најубави улоги во животот, во идните месеци ќе се најдат Хелена Ивандија, Инес Топиќ, Хелена Бакан Кегл, Кристина Пртењача, Ана Илениќ Вамповац, Нивес Тишљар, Ведрана Филиповиќ Мариниќ и Инес Фережа“, објавиле на фејсбук-профилот од училиштето „Петар Прерадовиќ“.

фото извор: Facebook

„Срдечно им честитаме на нашите прекрасни идни мајки и им посакуваме многу, многу среќа и радост“, порачале од училиштето.

Извор



912

X