Игротека

Децата ви го упропастуваат спиењето цели шест години, покажуваат истражувањата

Иако бебињата се сметаат за најголема радост во животот, излегува дека го уништуваат сонот на родителите во период од цели шест години.

Сите знаеме дека бебињата се сигурен начин за лишување од сон, но едно истражување покажува дека штетата што ја предизвикуваат може да трае со години. Поточно, цели шест години, покажува истражување од Универзитетот во Ворвик.

Истражувачите го анализирале спиењето на речиси 4.700 родители помеѓу 2008 и 2015 година и откриле дека раѓањето на детето предизвикува краткорочност во спиењето, особено кај жените.

– Задоволството од спиењето и времетраењето на сонот остро се намалуваат со раѓањето и постигнуваат најниска точка во првите три месеци (по породувањето), при што жените се силно погодени – велат истражувачите.

Во текот на тие први три месеци мајките спиеле во просек еден час помалку отколку пред бременоста, во споредба со 15 минути помалку за татковците.

– Жените доживуваат повеќе нарушувања на сонот од мажите по раѓањето на детето, со оглед на тоа што најчесто мајките се во улога на примарниот старател – вели д-р Сакари Лемола од одделот за психологија на Универзитетот во Ворвик.

Сепак, истражувањето покажало дека дури и кога децата се на возраст помеѓу 4 и 6 години, траењето на сонот кај мајките и понатаму бил 20 минути пократок, а 15 минути кај татковците, во споредба со траењето пред бременоста.

Ефектите врз спиењето биле поизразени кај оние родители што имале првороденче, во споредба со искусните родители. Во првата половина од годината по раѓањето ефектите на сонот се посилни кај мајките што дојат, во споредба со мајките што даваат вештачко млеко.

– Иако децата се главен извор на радост за повеќето родители, можно е зголемените барања и одговорности поврзани со улогата на родителот да доведат до пократок сон и намален квалитет на спиење дури и шест години по раѓањето на првото дете – пишува д-р Лимола.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top