Анкета спроведена на повеќе од 7.800 британски деца ги проучувала оние што биле доени помалку од два месеца, два до четири месеци, четири до шест месеци или повеќе од една година.

Истражувачите откриле дека оние деца што биле доени најдолго (повеќе од една година) покажале најдобри резултати на тестовите за вокабулар на возраст од 14 години. Истражувањето го спровеле експерти од Универзитетот во Оксфорд и заклучиле дека разликите во резултатите се три поени помалку на тестот за интелигенција кај децата што не се доени.

Доењето е поврзано со дискретно зголемување на интелигенцијата кај децата дури и кога се земаат предвид факторите како што се интелигенцијата на нивната мајка и нивните социо-економски околности.

Д-р Рене Перира-Елиас, која ја водела студијата, вели: „Овие резултати би можеле да ги загрижат жените што не доеле или не биле во можност да дојат. Затоа е важно жените што сакаат да дојат да бидат поддржани во тоа.“

Мајчиното млеко содржи полинезаситени масни киселини и хранливи материи, како што е железото, кои помагаат во развојот на мозокот на бебето.

Експертите велат дека доењето, исто така, им помага на децата да развијат помалку инфекции и болести. Студијата е објавена во списанието „Plos ONE“.

Извор



912

X