Здравје

Бебињата што имаат духовити родители стануваат поведри личности

Според едно британско истражување, и бебињата од 18 месеци имаат развиена смисла за хумор, разбираат шеги и способни се и сами да ги направат.
Доколку имаат духовити родители, со текот на времето бебињата ги имитираат, па и самите стануваат духовити, ведри личности, склони кон шеги, е заклучокот на истражувањето што го направиле психолози од Универзитетот во Кардиф.

Истражувањето траело цели 10 години, а британските психолози, меѓу другото, откриле дека родителите поинаку зборуваат кога се шегуваат или кога прераскажуваат некој виц. Имено, притоа секогаш користат ист тон. Дете од една и пол година може да ја забележи разликата во интонацијата, а некаде околу вториот роденден, благодарение на промената на тонот во говорот на родителот, тоа почнува да сфаќа кога родителот има намера да се пошегува.
Бидејќи детето учи имитирајќи ги возрасните, набљудувајќи и слушајќи го духовитиот родител, и тоа станува духовито и со задоволство ќе се пошегува. Не пример, ќе се обиде да се скрие и да ве исплаши. Сепак, дури околу шестата или седмата година детето е во состојба целосно да ја сфати играта на зборови или да сфати загатки, па и посложена шега.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top