Бебињата развиваат смисла за хумор во првиот месец од животот, покажа ново истражување.
Студијата била со глобален карактер и опфатила околу 700 бебиња, а беше објавена во списанието „Бихејвиор рисрч методс“. Истражувачи од Универзитетот во Бристол откриле дека бебињата уживаат во хуморот кој се заснова на различни активности, како скокоткање, криење, правење фаци и зборување со чуден глас.
Исто така, тимот откри дека бебињата под една година сакаат да ги гледаат реакциите на другите луѓе, на пример, кога некој ќе се исплаши и слично. Двегодишните деца се заинтересирани за таканаречениот „бесмислен“ хумор: реченицата „Кучето вели му“ итн.

Тригодишните деца сакаат игри со зборови, трикови, но и погрдни зборови.
Социјализацијата е клучна за развивање смисла за хумор, а помага и за подобрување на другите когнитивни вештини, како што е имагинацијата. Д-р Елена Хоичка вели дека смислата за хумор е сложен процес што се развива во првите четири години од животот.
– Со оглед на неговата универзалност и важност во многу аспекти од животот на децата и возрасните, важно е да се развијат алатки за да се утврди како прво се развива хуморот за да можеме да ја разбереме не само појавата на хуморот, туку и како тој може да им помогне на младите кога станува збор за менталното здравје – додаде таа.