Игротека

Бебињата плачат навечер за да ја спречат мајката повторно да забремени?

Дејвид Хајг, еволутивен биолог од „Харвард“, тврди дека плачејќи и исцрпувајќи ја мајката, бебето несвесно се обидува да ја спречи овулацијата на мајката и потенцијалното зачнување на брат или сестра.

Покрај тоа, тој верува дека доењето на бебето навечер ја продолжува фазата на неплодниот период на мајката што следува по раѓањето. Според Хајг, ноќните будења се почести во втората половина од првата година од животот на детето и во периодот на неговото доење.

Иако звучи неубедливо, постои логичка претпоставка за овој заклучок, тврди Хајг, додавајќи дека таквото однесување на детето е еволутивно однапред одредено. Имено, во периоди кои порано биле чести и во кои преовладувале глад или заразни болести, шансите за преживување на бебињата биле поголеми доколку интервалите помеѓу раѓањето на децата биле подолги.

Антропологот Холи Дансворт од Универзитетот во Род Ајленд признава дека мислењето на Хајг е интересно, но посочува дека тој не ги зел предвид сите добри страни на доењето во текот на ноќта со кои бебето добива не само храна, туку и љубов и топлина на мајката.

– Од таа перспектива кога бебето плаче и цица навечер изгледа повеќе како соработка отколку како конфликт – смета Дансворт.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top