Кога станува збор за родителството, тоа се разликува од култура до култура. Работите што некои родители ги сметаат за сосема нормални можат да ги збунат мајките и татковците во друг дел од светот.

Разликата во перспективите може да биде толку голема, што она што родителите го прават на едно место може да се смета за неприфатливо на друго место.

Еве неколку различни стилови на родителство во светот.

Бали: Бебињата не смеат да ја допираат земјата во првите три месеци од животот

Бебињата на Бали не смеат да ја допираат земјата додека не наполнат три месеци. Во оваа култура земјата се смета за нечиста, а ако чисто и невино дете ја допре, тоа се смета за лош знак. Се смета дека детето на возраст од три месеци е подготвено да се соочи со нечистотија и првпат да стапне на земјата. Семејството обично организира посебна церемонија за оваа пригода.

Кенија: Не гледајте ги децата в очи

Во нашата култура се верува дека гледањето в очи ја олеснува комуникацијата со детето и ја зајакнува врската, а луѓето од Кенија имаат сосема поинаква гледна точка.

Мајките ги носат своите деца, но не одговараат на нивниот плач и не гледаат во нивните очи. Потеклото на овој обичај датира од многу одамна. Народот Кисии верува дека кога воспоставувате контакт со очи со некого, му велите „Ти си главен“, порака што родителите не сакаат да им ја испратат на своите деца.

Јапонија: Детето се надгледува до четиригодишна возраст

Новороденчињата во Јапонија го добиваат целото внимание што можат да им го дадат нивните родители, но тоа не трае долго. Кога детето ќе наполни четири години, може да се качи само со воз до училиште, а родителите му даваат различни задачи. Така, на пример, тие често го праќаат само во продавница да набави намирници.

Децата во училиштата ги чистат училниците и ходниците, а јапонските родители веруваат дека сето тоа ги учи на независност и одговорност.

Германија: Владата им помага на родителите

Родителството е скапо насекаде низ светот, но на родителите во Германија им помага владата. Доколку детето не почне да работи на 18 години, туку одлучи да студира, месечниот надоместок може да се исплати додека детето не наполни 21 или дури 25 години.

Италија: Виното е за секого

Сите знаеме колку Италијанците уживаат во доброто вино, па дури и децата можат да го консумираат (во разумни количини од неколку капки). Италијанците веруваат дека децата што пијат малку вино за време на вечерата имаат помала веројатност да развијат штетни практики на пиење во зрелоста.

Шведска: Сите се еднакви

Шведска е модел на еднаквоста. Родителите и децата имаат исти права и се третираат еднакво во оваа европска земја. Децата во Шведска се охрабруваат да го кажат своето мислење за што било и се поканети да учествуваат на сите семејни собири, каде што имаат право да го кажат своето мислење за одредена тема.

Извор



912

X