По раѓањето на бебето, многу родители прашуваат дали нивните малечки ги разбираат и за што размислуваат. Според едно истражување на Универзитетот „Јејл“, познато како „Бејби Лаб“, бебињата може да разликуваат добро и зло на само 3 месеци од животот. Се разбира, на многумина им е тешко во тоа да поверуваат, бидејќи до сега се сметало дека бебињата учат што е добро а што лошо од возрасните преку воспитни методи. Меѓутоа, ова истражување покажало малку поинаква слика од она што всушност се случува во малечките глави на бебињата.

Научниците спровеле интересен експеримент со користење на „добри“ и „лоши“ куклички, со чија помош го покажувале доброто и лошото однесување. Во еден случај, една кукла се обидувала да отвори кутија, а друга „добра“ кукла и помагала во тоа. Меѓутоа, третата „лоша“ кукла доаѓа и намерно и ја затвора кутијата. После тоа, од бебињата е побарано да изберат кукла која им се допаѓа повеќе. Се разбира, бебињата од 3 месеци не можеле со рака да ја земат куклата, заради неразвиените моторички вештини, но со својот поглед дале до знаење која кукла им се допаѓа, онаа која е добра. На оваа возраст, бебињата ги покажуваат своите емоции, така што подолго набљудуваат еден предмет сакајќи да го дофатат.
Резултатите покажале дека повеќе од 80 отсто од бебињата избрале, односно, покажале наклонетост кон „добрата“ кукла. Чувството за добро и зло е всадено во нас.

Пол Блум, еден од авторите на истражувањето и автор на книгата „Само бебиња: потекло на доброто и злото“, тврди дека луѓето се раѓаат со цврсто вмрежен морал и дека чувството за добро и зло е длабоко всадено во нивното битие. Во прилог на ова истражување одат и искуствата на многу родители кога нивните бебиња реагирале со плачење на некои лица кои бебињата ги процениле како „лоши“ или со насмевка на лицата кои се многу позитивни.

Понекогаш родителите се изненадуваат како бебињата добро ги проценуваат карактерите и однесувањата на одредени лица во нивната околина. Благодарение на ваквите истражувања, родителите можат подобро да ги разберат своите бебиња и нивното однесување кога ќе се сретнат со некои лица на кои бебето може да реагира на добар и лош начин. Многу е важно да се сфатат чувствата на бебето сериозно, а не да се смета дека нивниот мозок не е доволно развиен за да разликува добро од зло.

Затоа, драги родители, следниот пат кога вашето бебе ќе покаже „нетрпеливост“ кон ново лице, немојте тоа да го сфаќате само како каприц, сметаат научниците. Обидете се барем да го земете превид мислењето на бебето кога ги проценувате своите пријатели.

Извор



912

X