Воспитување

Бебињата го сакаат гласот на мајката, но зборовите ги учат од таткото

Бебињата ги учат јазикот и звуците уште пред да се родат благодарение на мајките, кои разговараат со нив додека сè уште се во стомакот. Според истражувањата, новороденчето може да ги препознава гласовите што ги слушало во текот на третото тримесечје и, се разбира, го преферира гласот на мајката повеќе од гласовите на непознати луѓе. Иако мајките и бебињата од самиот почеток воспоставуваат цврста врска, татковците исто така играат важна улога кога станува збор за развојот на говорот кај нив.
Ново истражување спроведено на еден универзитет во Кина открива дека двајцата родители влијаат врз начинот на кој бебето го учи новиот јазик.

Авторката на истражувањето, Меган Жанг, открива дека бебињата ги приспособуваат изговорот и гласот од мајката, но вокабуларот го стекнуваат од таткото. Истражувањето покажа дека постои силна поврзаност меѓу гените од таткото и лексичките карактеристики, како и меѓу мајчинските гени и фонетските карактеристики.
И, затоа, драги татковци – сите гушкања и прегратки со децата се одличен почеток. Тоа е природен начин да се поврзете со своето дете и да го поттикнете учењето. И не заборавате ја големата вредност на времето за играње – песните и римите особено се влијателни при учењето. Тие го прават јазикот забавен и им помагаат на бебињата да ги чујат зборовите, римата и ритамот што појасно и на тој начин помагаат при усвојувањето на јазикот.
Не смееме да заборавиме дека емоционално вклучените татковци имаат посреќни деца, а проширувањето на детскиот вокабулар е само една од доживотните предности со која татковците придонесуваат за благосостојбата на детето.

 

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top