Облекувањето дете може да биде вистински предизвик, а чорапите се доста проблематични за многу родители. Бебето лесно ги соблекува со триење на стапалата во количката, но една мајка споделила трик што го научила од воспитувачките во градинка. На „Тик-ток“ таа објавила видео од девојче кое мирно спие на седиштето во автомобилот.
Видеото за еден ден собра повеќе од 4,5 милиони прегледи. На почетокот можеби нема веднаш да забележите нешто невообичаено, но ако ги погледнете чорапите, ќе забележите две парчиња селотејп како ги држат прикачени на панталоните од бебето.
Челзи Хачинс признала дека се збунила кога ја зела ќерка си од градинка и открила дека персоналот ѝ ги залепил чорапите на нозете. Во описот на видеото напишала: „Кога на тетките во градинка им е смачено да ги облекуваат чорапите на вашето бебе бидејќи знаат дека ќе ги соблече.“
Видеото предизвика жестока дискусија на социјалните мрежи, а многумина се огорчени што воспитувачките во градинката посегнале по вакви мерки. „Ќе ме отпуштат ако направам вакво нешто“, напишала една работничка во градинка, а друга додала „Ах… не. Јас сум воспитувач и никогаш не би го направила тоа.“ Друга жена се согласила и напишала: „Многу е опасно да се прави ова. Бебињата можат да откинат парчиња и да ги голтнат.“
Други се воодушевени од тоа што го виделе, а една мајка напишала краток коментар: „Снаодливост на дело!“ Идејата им се допаднала на многу мајки, а некои се прашувале како не се сетиле на тоа претходно. „Како воспитувачка во градинка, ова ми е урнебесно!“, пишува во еден коментатор. „Ние го правиме ова. Чекајте да видите како ќе ги заштитиме и чевлите да не им паднат, хаха.“
И додека родителите се грижат за чорапите, истражувањата покажуваат дека најдобро е бебињата и малите деца да бидат боси што е можно повеќе. Тоа им овозможува оптимално да ги развиваат стапалата, се подобрува агилноста, се зајакнува рамнотежата на децата на различни површини и се поттикнува моторичкиот развој.
@chelsea.hutchins94 When the ladies at daycare are tired of putting socks on your baby because she won’t leave them on??
♬ original sound – Chelsea Hutchins
Автор: Ана Хлача