Во бременоста клетките на бебето мигрираат во крвотокот на мајката и потоа циркулираат назад кон бебето, што се нарекува „фетално-мајчински микрохимеризам“.

Во текот на 41. недела, клетките циркулираат и се спојуваат напред-назад, а по раѓањето на бебето, многу од овие клетки остануваат во телото на мајката, оставајќи траен отпечаток во ткивата, коските, мозокот и кожата на мајката и често остануваат таму со децении. Секое дете што ќе го роди мајката ќе остави сличен печат врз нејзиното тело. Дури и ако бременоста не трае до крај или ако имате абортус, овие клетки сепак мигрираат во вашиот крвоток.

Истражувањата покажаа дека ако срцето на мајката е повредено, феталните клетки ќе брзаат кон местото на повредата и ќе се претворат во различни типови клетки кои се специјализирани за поправка на срцето. Бебето помага да се поправи мајката, додека мајката го гради бебето.

Ова е често причина зошто одредени болести исчезнуваат во текот на бременоста. Неверојатно е како телото на мајката го штити бебето по секоја цена, а и бебето ја штити и ја обновува мајката – за да може тоа безбедно да се развива и да преживее. Размислете за лудите копнежи за момент. Што ѝ недостигало на мајката, па бебето да ја натера да копнее?

Истражувањата покажаа и фетални клетки во мозокот на мајката 18 години по неговото раѓање. Колку е тоа неверојатно? Ако сте мајка, знаете како можете интуитивно да го почувствувате вашето дете дури и кога го нема… Па, сега има научни докази дека мајките го носат детето со години и години дури и откако ќе се породат.

Извор



912

X