Бебето Инара денеска, после три месеци замина дома од престојот на одделот за интензивна нега и терапија на Клиниката за гинекологија и акушерство, објави Министерство за здравство.

Инара е родена на 27 април годинава, предвреме, во 28 гестациска недела со само 690 грама, а денеска е испишана со 2.120 грама телесна тежина.
-Таа е во добра здравствена состојба. Горди сме на тимот лекари и медицински сестри кои секојдневно ја следеа нејзината состојба и заеднички ги надминаа сите предизвици! Браво! Имаме стручни здравствени работници за кои се грижиме и контиунирано им ги подобруваме условите за работа – велат од министерството.



912

X