Една нова студија покажува дека детскиот разговор и џагор им помага на доенчињата да научат да зборуваат. Долго време постои заблуда дека детскиот начин на зборување е лош за развојот на детето – дека говорот со пеење, џагорот, едносложните и бесмислените зборови не ги учат децата на правилен начин да зборуваат како возрасни.
Но, новото истражување посочува дека нашите родителски инстинкти да користиме детски говор кога му се обраќаме на доенче најверојатно се правилниот начин. Зошто? Бидејќи бебешкиот говор им помага на децата да се запознаат со светот на говорот на начин што тие можат да го имитираат.

Преку студијата, која се спровела на Универзитетот во Флорида и која била објавена во „Journal of Speech, Language, and Hearing Research“, на бебињата на возраст од шест до осум месеци им биле дадени два гласа за слушање: еден што го имитира звукот на гласови на возрасни и оној што ги имитира звуците на гласот на бебето, со помали и пократки звуци. Бебињата во голема мера претпочитале да го слушаат бебето како зборува наместо возрасните – всушност, истражувачите откриле дека децата „покажуваат силна и посебна предност за говор со резонанции што одредуваат гласен тракт кој е сличен по големината и должината на нивниот“.
Научниците веруваат дека бебињата се привлечени од бебешкиот говор (што го нарекуваат говор насочен кон доенчиња) затоа што слушаат како треба да звучат нивните први зборови кога ќе излезат од нивната уста.

Помалите бебиња, на возраст од четири до шест месеци, не претпочитаат звуци во секој од случаите – истражувачите веруваат дека тоа е затоа што тие сè уште не размислуваат како да прават звуци слични на зборови. „Се чини дека го стимулира моторното производство на говор, а не само перцепцијата на говорот“, објаснува коавторот на студијата, д-р Метју Масаполо за „Наука денес“. „Тоа не е само гу-гу га-га“.
Со други зборови, бебешкото зборување им овозможува на бебињата да научат како да зборуваат, на почетничко ниво. Тоа им го прави говорот достапен.

„Се обидуваме да се вклучиме со доенчето за да му покажеме нешто за производството на говор“, изјавила коавторката на студијата, д-р Линда Полка. „Ние ги подготвуваме да го обработат сопствениот глас“.
Се разбира, минатите истражувања посочуваа дека бебешкиот говор е добра работа. Минатата година големо истражување на Универзитетот „Стенфорд“, на илјадници бебиња во 16 земји, покажало дека бебињата претпочитаат бебешки говор, наместо разговор за возрасни.


Има уште многу што треба да се открива, на пример, кога во развојот на детето бебешкиот говор престанува да биде едукативен и почнува да биде одвратен, па дури и штетен (на пример, кога ќе наполнат 15 години, претпоставуваме дека не треба да им поставуваме прашања користејќи бебешки говор). Засега, сепак, почнувајќи од околу шест месеци и додека не се запознаат со тоа како да прават основни звуци и зборови, се чини дека бебешкиот говор може само да помогне.

Автор: Сара Асвел

Извор



912

X