Бебешките нокти и негата за нив е нешто што многу нови родители го избегнуваат. Сечењето на тие малечки нокти може да биде прилично стресно. Еве некои совети што би можеле да помогнат.

Ако од првиот ден ве загрижуваат ноктите на бебето и како да ги средите, не грижете се, не сте единствени. Самата помисла дека морате со нешто остро да се приближите до нешто толку ситно и чувствително како што се ноктите, може да ве преплаши. Но, не грижете се. Не сте ниту првите ниту последните што бегаат од тоа, но на крајот, сепак, ги сечат ноктите на бебето.

Од првиот ден

Бебињата се раѓаат со веќе пораснати нокти, па ќе морате набрзо по раѓањето да ги сечете. Немојте да ве плашат. Имајте на ум дека така ќе му помогнете на бебето бидејќи тоа често со ноктите се гребе по лицето. Иако нивните нокти се тенки и меки, сеедно ќе направат гребеници, а тоа би можело дополнително да биде раздразливо за новороденчето. Кај најмалите бебиња, можете да се послужите со трик. Набавете памучни ракавици, со кои ќе се спречи гребењето по лицето. Барем додека не соберете храброст или додека бебето малку не порасне. Вистина, сечењето нокти во првите недели е прилично тешка задача, бидејќи е тешко да се одреди кој дел од ноктот е прицврстен за подлогата.

Ножички или грицкалка?

Независно од бебињата, некои едноставно повеќе сакаат ножички, а некои грицкалки. На некои едните им се побезбедни, на некои другите. Без разлика што ќе користите, внимавајте тоа да бидат ножички или грицкалки приспособени за бебиња. Така ќе ја намалите можноста за повреда.

Најдобро време за сечење на ноктите е по бањање, бидејќи тогаш се најмеки. Освен тоа, можете да го правите тоа и додека бебето спие, за да не мрда толку.

Немојте да гризете

Баш поради фактот дека ноктите се тенки и меки, можеби ќе ви падне на ум да се обидете да ги изгризете. Немојте! Ако рачето на бебето ви е в уста, не можете да гледате што правите, па би можеле да одгризете големо парче нокт. Но, уште поважно од тоа, би можеле да му ги пренесете на бебето несаканите бактерии од устата.

Извор



912

X