Болницата „Дитан“ во Пекинг е наменета да третира пациенти инфицирани од новиот коронавирус. 9-месечно бебе (девојче) е најмладиот пациент заболен од овој вирус и е сместено во изолиран дел на болницата. Сестрите велат дека како медицински сестри, кога треба да му ги дадат потребните лекови на бебето, го држат во прегратка и го негуваат како да е нивно. Велат дека бебето често знае да заплаче кога ќе ги види во заштитните костими, а е вознемирено бидејќи сега се наоѓа во нова средина.

Секое утро медицинските сестри го посетуваат девојчето и го држат в раце, откако ќе се заменат со смените. Како резултат на постојаната грижа и внимание, девојчето веќе ги препознава. Тие носат и хранливи производи за да му подготвуваат вкусни и здрави оброци.

Нејзината состојба сега е многу подобра во споредба со првите неколку дена што бебето ги помина во болницата, во однос и на физичкото и на менталното здравје. Медицинските сестри, освен што се професионални и доследно ги извршуваат своите задачи како здравствени работници, ја играат и улогата на мајка кога е потребно со цел да им се посвети доволно грижа и внимание на заболените деца.

Извор



912

X