Бебе старо 42 дена е заразено со морбили. Бебето е од скопската населба Чаир и ова е најмладиот пациент што се лекува од мали сипаници. Се заразило од член на семејството.
– Бебето не е хоспитализирано и е на домашно лекување. Сите пациенти со морбили што се хоспитализирани во овој момент се стабилни – велат од Министерството за здравство.

Периодов се избројани 117 случаи на заразени со мали сипаници. Од почетокот на епидемијата се дадени околу 4.800 вакцини, главно на деца. Од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство и понатаму апелираат да се вакцинираат децата што не ја примиле МРП-вакцината.



912

X