Жена, која се породила откако нејзината контрацептивна спирала била неуспешно ставена, сподели фотографија од изненадувањето со кое пристигнало нејзиното новороденче.
Малечкото момче, родено во болницата „Хаи Фонг“ во Северен Виетнам, пристигнало на светот држејќи ја контрацептивната спирала на неговата мајка.
Иако мајката остана анонимна, фотографиите од бебето со спиралата биле споделени од гинекологот Тран Виет Фуонг.
– По породувањето, едноставно го фотографирав бебето кое ја држеше спиралата. Не ни помислив дека фотографијата ќе привлече толку внимание – вели таа.
34-годишната мајка вели дека вметнала спирала пред две години, но јасно дека таа не функционирала затоа што подоцна дознала дека е бремена.
Д-р Фуонг објаснува дека уредот можеби бил преместен од неговата првична позиција, со што станал неефективен. Бебето било родено здраво, со тежина од 3.200 грама и било трето дете на мајката.
Фотографиите од бебето како ја држи спиралата предизвикаа огромни реакции на интернет.
– На ова бебе му беше предодредено да се роди – пишува еден фејсбук-корисник.