Бебе родено во Бирмингем, Алабама, во 21. недела и еден ден се запиша во Гинисовата книга на рекорди како најрано родено бебе во светот што преживеало.

Кертис Зи-Кит Менс е роден во јули 2020 година, а од Гинисовата книга на рекорди потврдија дека го соборил светскиот рекорд и е потврдено дека е најрано родено бебе во светот што преживеало.

Кога се родил, Менс тежел само 420 грама, што е седумпати помалку од тежината на просечно новороденче. Бидејќи се родил 19 недели предвреме, докторите предвидувале лош исход. Неговата сестра близначка живеела само еден ден.

– Медицинскиот персонал ми рече дека не ги чуваат бебињата на таа возраст. Беше многу стресно – вели мајката на Кертис. Кертис бил на респиратор три месеци и можел да си оди дома откако поминале 275 дена, нешто повеќе од 9 месеци поминати во болница.

Michelle Butler via University of Alabama at Birmingham University Relations

Сега тој има 16 месеци и е прилично добро со оглед на фактот дека сè уште треба да користи дополнителен кислород и цевка за хранење.

– Статистиките покажуваат дека бебињата на таа возраст не преживуваат. Прашањето на мајката беше: „Дали ќе им дадете шанса на моите бебиња?“ Никогаш не сме имале толку мало бебе на Одделот за неонатална интензивна нега, па Кертис беше првото такво бебе. Бевме на непозната територија – вели д-р Брајан Симс, кој го извршил породувањето на близначињата.

– Работам речиси 20 години, но никогаш не сум видел толку мало бебе да е толку силно како него – додава докторот. Рекордот претходно го држеше бебе родено во 21 недела и 2 дена, еден ден подоцна од Кертис.

Извор



912

X