Мајка од Канзас Сити се вџашила кога открила дека нејзиното бебе е родено со неколку целосно израснати заби. Згора на тоа, ниту вработените во болницата не можеле да поверуваат и ѝ кажале дека ова никогаш не го виделе кај новороденче.

Џордан Блос-Вилсон на „Тик-ток“ го споделила своето необично искуство. Таа споделила видео од нејзиното преслатко синче како спие. Меѓутоа, кога камерата го фатила како ја отвора устата за да се насмее, се гледаат неговите мали заби.

„Кога вашето бебе ќе се роди со заби, а целиот болнички персонал е во неверување затоа што никогаш не го видел ова“, напишала Џордан на видеото.

@jordanbloss_ Two truths and a lie game will have nothing on this kid. This happens 1 out of every 2,000 births. #natalteethbaby #babytok #popular #fyp #familytok #birthstory #hospitaltiktoks ♬ Popular – From "Wicked" Original Broadway Cast Recording/2003 – Kristin Chenoweth

Мајката, чиј син сега има осум месеци, дала повеќе детали во описот, вклучително и колку е ретка ваква работа. Таа им објаснила на гледачите на видеото дека вакво нешто му се случува на едно од 2.000 родени бебиња.

Видеото, кое станало вирално откако е прегледано повеќе од 16,4 милиони пати, брзо им го привлече вниманието на многу корисници. Многумина рекле дека никогаш не слушнале за овој редок случај и дека не би знаеле како да реагираат доколку им се случи.

„Очекував да бидат едвај видливи, како штотуку да се пробиени, а не како да се заби на возрасен“, коментирал еден корисник, на што Џордан одговорила дека забите изгледаат толку големи затоа што нејзиниот син е многу мал, но дека сега му се целосно нормални.

Сепак, имало и такви што веќе се сретнале со појавата.

„И јас сум роден со заби. Тоа ми е навистина забавно и секогаш им го кажувам тоа на сите“, вели друг корисник. Наталните заби се појавуваат кај секои две до три илјади новороденчиња, тие не се резултат на здравствени проблеми, туку на тоа што детето стоматолошки побрзо созрева. Повеќето од нив се наоѓаат во долната вилица и иако се мали, забите можат да го повредат јазикот на бебето, па дури и доилката. Тие се отстрануваат само ако предизвикуваат тешкотии при хранење или има опасност да испаднат, што може да предизвика задушување.

Автор: Риан Нисон

Извор



912

X