Мaтеa Ридл е седуммесечно бебе, иако многумина би рекле дека е новороденче врз основа на неговата конституција.

Мајката Џеневи Кук се породила во 28. недела, а нејзиното бебе било тешко само 450 грама. По 98 дена минати на одделението за интензивна нега, тој бил пуштен дома, но лекарите немале јасна дијагноза за ова малечко бебе.

„Прво ни рекоа дека има микроцефалија, дека неговата глава е помала отколку што треба поради ненормален развој на мозокот. Ни кажаа дека неговиот мозок престанал да се развива, дека веројатно нема да живее долго и дека квалитетот на неговиот живот ќе биде многу краток“, изјавила мајката на малиот Матеа.

Три месеци подоцна, пристигнале наоди кои потврдиле дека овој мал принц има ретка форма на џуџест раст, примордијален џуџест тип 2.

Ова мало момче ќе може да има нормален живот, ќе може да оди на училиште, да се развива, да учи, да игра, но секогаш ќе биде мал. Сега тежи околу 1,6 килограми, а родителите му купуваат облека за кукли бидејќи и најмалите алишта направени за бебиња му се преголеми.

Извор



912

X