Сигурно сте го слушнале хитот „Thunderstruck“ на рок-бендот Еј-си Ди-си, но дали сте гледале видеа од бебе, снимени во текот на една година, но толку добро монтирани, што послужуваат како кавер-верзија на овој рок хит.

Татко од Њу Џерси е креатор на видео составено од клипови од моменти кои ги поминал со својот син, но тој креативно го сработил на тој начин што изгледа како бебето да ја пее песната на „Еј-си Ди-си“. Детето кива, се смее и гуга, а исто така има и клипови кога бебето, чие име е Рајан, го удира каучот, што е приспособено со музичките моменти отсвирени со тапани. Видеото има околу 3 милиони прегледи на „Јутјуб“ – реакција која таткото не ја очекувал.

– Кога се роди мојата ќерка Ела, пред две години, често знаеше да пее. Почнав да ги снимам нејзините звуци и добив идеја да ги монтирам и да создавам песни од нив. Беше околу Божиќ, па ја компонирав – Малиот тапанар и празнични ѕвончиња. Кога Рајан се роди пред една и пол година, сакав да го сторам истото, па почнав да го снимам и него веднаш штом почна да прави звуци – раскажува таткото Мет Мекмилан.

Фото: „Јутјуб“

На видеото објавено на „Фејсбук“ Мекмилан открива како ги снимал видеата од својот син во период од цела година. Потоа ги наредил клиповите и музичките ноти ги усогласил со секој звук, а потоа секој звук го усогласил со нотите на песната „Thunderstruck“.

– Ми беа потребни 80 часа за да ги исечам, да го одредам тонот на секое видео и да ја компонирам песната. Ова го правев речиси три месеци.

Можеби наскоро ќе имаме можност за уште поинтересни изведби од малата ѕвезда.

Автор: Кели Патисон



912

X