Моето прво бебе имаше шест месеци кога открив дека сум бремена со второто. Пред да мислите дека сум луда, треба да знаете дека ова беше бебе-изненадување. Осум месеци подоцна, се најдов во болница држејќи ги мојот новороден син и мојот 14-месечен син. Гледајќи во тие две групи невини очи, немав поим во каква ситуција сум.
Без разлика дали сте бремени со бебе-изненадување или штотуку родивте, веројатно чувствувате дива мешавина на хормони и паника. Еве две причини зошто да славите, а не да се плашите.
Добивате две победи истовремено
Кога едно бебе-изненадување ќе доведе до тоа да имате две деца блиски по возраст, брзо ќе научите дека е полесно да поучувате само еднаш. Тоа значи две победи за вас кога ќе се постигне целта. Кога дојде време да ги учам моите деца да вршат нужда во нокшир, ги учев заедно. Тие, исто така, научија како да возат велосипед истовремено, но и да ги врзуваат чевлите. Мојот втор син многу побрзо ги разбра работите затоа што сакаше да остане во чекор со својот голем брат. Можеби ќе треба да го приспособите вашиот јазик или наградата со цел да одговара на секое дете, но кога поучувањето се случува само еднаш, тоа е огромно намалување на стресот. Во моментот можеби е исцрпувачки или бурно, но кога е готово, готово е! Има придобивки да се има бебе-изненадување, но можеби ќе треба да го приспособите вашето размислување за да го согледате тоа на тој начин.

Станувате посигурни во своите способности како мајка
Да, ќе бидете длабоко навлезени во рововите на мајчинството, но ќе смислите рутина за доброто на вашиот разум и опстанок. Со две бебиња за една година брзо научив како да се приспособувам, а тоа ме направи посамоуверена како мајка. Многу нови мајки се двоумат за сè затоа што слушаат спротивставени гласови кои им кажуваат што е правилно или погрешно, но не и вие! Вие ќе бидете експерт. Ќе научите како да направите сѐ да функционира.
Автор: Грејс Клосинг