Првата средба со бебето е секогаш нереална и предизвикува прекрасни чувства. Еден татко имал посебен разговор со неговата ќеркичка, а насмевките и радоста во тој момент ќе ги памети засекогаш.
Флавио Дантас му зборувал на своето бебе во текот на целата бременост, иако не бил сигурен дали може да го слушне. За време на нивната прва средба бебето веднаш му докажало дека го слушало.
Веднаш по раѓањето, штом го погледнало лицето на нејзиниот татко, малото девојче се насмевнало искрено и слатко.