Во зависност од тоа на какви алергии се подложни, на децата им се препорачуваат различни физички активности и спортови. За чувствителните на полен најдобри се спортови во затворени простории, а пливањето се препорачува за сите.

За децата со алергии, занимавањето со спорт не е недостижно, напротив, пожелно е, истакнуваат пулмолозите.

Па така, спортот во затворени простории, како што се карате, џудо, мечување, одбојка, им одговара на децата што имаат алергија на полен. Од друга страна, спортот на отворено, како што се тенис, фудбал, велосипедизам, им одговара на децата што се чувствителни на куќна прашина. Пливањето, пак, им се препорачува на сите поради топлата и влажна средина, а и поради зајакнувањето на дишните мускули.

Но, затоа не се препорачуваат спортови што се одвиваат во посебни услови, каде што концентрацијата на кислород е мала, а медицинската помош недостапна. Во такви спортови спаѓаат падобранството, параглајдерството, нуркањето и планинарењето. На оние што се чувствителни на студ не им се препорачува да скијат или да се занимаваат со уметничко лизгање.



912

X