Ендру споделил видео на „Тик-ток“ во кое ги објаснува најдобрите совети за родителство што ги добил. Нацртал дијаграм и објаснил што всушност значи да се има дете и колку се менува животот со доаѓањето на децата. Во низата кругови кои се преклопуваат, Ендру објаснува какво е чувството кога во животот додаваме сè повеќе деца.
„Еве што мислев дека ќе се случи кога ќе имам деца. Како што додавам деца, мојот живот се менува, но многу работи остануваат исти“, вели Ендру во видеото, покажувајќи на деловите од кругот кои се преклопуваат. Тој додава дека многу луѓе мислат оти во текот на животот секогаш ќе има преклопување меѓу овие кругови, но тоа обично не е така.
Со доаѓањето на децата, многу нешта во животот на родителите се менуваат
По овој дијаграм, Ендру нацртал нов дијаграм со четири круга кои не се преклопуваат.
„Ме советуваа да не размислувам на тој начин. Кога имаш деца, во основа го ресетираш својот живот. Не можете многу да пренесете од светот во кој сте постоеле претходно во овој нов свет. Сето тоа ќе биде познато, но многу различно“, објаснува тој во видеото.
„Времето за спиење е различно. Изнесувањето на децата надвор е различно. Излегувањето во ресторан е различно. Патувањето е различно. Толку многу работи кои се слични, едноставно веќе не се исти“, вели Ендру, додавајќи дека нему му помогнало кога го сменил својот начин на размислување и се приспособил на неговиот нов живот.
@parental_with_me Close second was always have a spare diaper #dadsoftiktok #momsoftiktok #momlife #dadtok #parents #parentsoftiktok #dadlife #parentingtips ♬ Lazy Sunday – Official Sound Studio
Многумина во коментарите се согласиле со неговиот начин на размислување.
„Ова е совршен совет за родителите“. „Да, иако е слично, по децата живееме поинаков живот“. „Посакувам некој да ми го кажеше ова порано, благодарам“.
„Најважното нешто што родителите треба да го запомнат е дека само затоа што нешто е различно, не значи и дека е лошо“ – се вели во коментарите под видеото.
912