Пред само неколку седмици имавте можност да се запознаете со кашичките за бебиња од сопствените марки на dm – babylove и dmBio. Но, тоа не е сѐ што овие две марки можaт да ви го понудат за грижата за вашите најмали. Како што напоменавме, сопствената марка на dm специјализирана за бебиња, babylove, нуди широк спектар на производи, од гелови за бањање и лосиони за бебиња, кремови, влажни марамчиња, шишиња, цуцли и лажливки, па сѐ до пелени.

А, токму денес сакаме да ви ги претставиме PREMIUM пелените од babylove. Овие пелени може да се најдат во најразлични големини, од Newborn XS, па сѐ до XXL. Пелените на babylove може да се најдат само во дрогериите на dm, притоа можете со сигурност да се потпрете на нивниот квалитет, кој е идентичен во сите земји каде што dm постои на пазарот. Покрај тоа, PREMIUM пелените се одликуваат со неверојатен комфор при носење, висок квалитет и оптимална заштита.

Она што ги прави посебни овие пелени е:
• Неверојатно мека внатрешност и надворешност;
• Мека и нежна странична заштита од протекување;
• Долготрајна заштита благодарение на двојното впивливо јадро со што се овозможува сигурна и брза апсорпција и долготрајно чувство на сува кожа;
• Ултратенка приспособлива форма за максимална слобода на движење;
• Практичен и удобен систем за закопчување – повеќекратни лепенки и супер растегливи материјали за оптимално приспособлива форма.

Посетете ја веб-страницата на dm и откријте го големиот избор на пелени што ви се достапни од нивната сопствена марка – babylove!

Повеќе од 20 години сопствена марка на dm за нега на бебиња, babylove, ги одушевува младите родители и нивните бепчиња. Без разлика дали станува збор за исхрана, нега, додатоци или пелени – babylove, благодарение на висококвалитетните и внимателно одбрани суровини, рецептури и состојки, ги исполнува посебните потреби на бебињата и на родителите. Во асортиманот на оваа марка можете да најдете голем избор на гелови за туширање, лосиони за нега, кремови, пелени, кашички, цуцли, шишиња и разни додатоци, потребни за среќен раст и совршена нега на вашето бебе.

(Комерцијална објава)



912

X