Здравје

Бабица открива какви татковци не поднесува во породилиштето

Породувањето е магичен и возбудлив момент кој истовремено може да биде и страшен, како за мајката така и за нејзиниот придружник. Затоа е важно да се подготвите и да имате соодветна поддршка од партнерот. Бабицата Меган Смит вели дека редовно гледа неколку типови татковци во породилната сала.

„Некои се исплашени, други ги поддржуваат своите партнерки, трети се целосно неподготвени, а четвртиот тип се паничари“, вели таа и додава дека има и петти тип татковци кои не може да ги поднесе.

„Тоа се таканаречените портпароли. Тие прочитале сè пред жените, знаат сè за сè“, изјавила таа.

Понекогаш таквите партнери не се добредојдени на прегледот, но сепак влегуваат во ординацијата.

„Мажи, ќе знаете дека сте таков тип ако бабицата ве испрати да земете нешто, на пример, шолја чај. Тогаш сакаме да ни се тргнете од патот“, објаснила таа.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top