Студија покажува дека бабите и дедовците пропуштиле 49 прегратки, 47 бакнежи, 40 разговори и 25 оброци со своите внучиња откако почна пандемијата минатата година. Истражувачи анкетирале 2 илјади родители и баби и дедовци за да истражат како се одвивале нивните односи во изминатите 14 месеци. Но, тоа не се единствените моменти што роднините требало да ги избегнат во изминатиот период.

Други малечки работи, како 27 игри со играчки, 24 приказни за раскажување, 18 земања од училиште и 19 успивања со внучињата, исто така се нештата од кои бабите, дедовците и внуците беа лишени овој период. Освен секојдневните активности, бабите и дедовците беа многу погодени и од пропуштањето на големите клучни моменти од животите на своите внуци, на пример, првите чекори, првите зборови, првите доенечки денови, според истражувањето на „Мегабус“.

Но, сепак има светлина на крајот од тунелот, со оглед на тоа дека 3 четвртини од родителите ќе се обединат повторно со бабите и дедовците како што рестрикциите се олабавуваат, а постарите генерации се вакцинираат. Речиси половина од родителите што биле анкетирани рекле дека многу се потпирале на поддршката од бабите и дедовците во однос на одгледувањето на децата. Како резултат на тоа, бабите и дедовците всушност поминувале импресивни 30 часа во просек на месечно ниво со своите внуци – а тоа е 20 проценти подолго отколку што тие поминувале време со своите баби и дедовци од претходните генерации (25 часа).

За да им помогне на бабите и дедовците да се обединат повторно со своите сакани, организацијата „Мегабус“ лансирала билет „Големо повторно обединување“ за да ги зближи бабите и дедовците со своите внуци. Марк Венаблес, менаџер на „Мегабус“, изјавил: „Со 6 од 10 родители кои велат дека недостигот на бабите и дедовците била една од најтешките работи за нивните деца во годината што измина, навистина сме возбудени што можеме да им помогнеме на бабите и дедовците да патуваат со увереност дека ќе ги видат своите сакани низ Велика Британија. Изминатата година беше тешка за сите, но она што е јасно од истражувањето е дека бабите и дедовците играат витална улога во животите на нивните внуци“, заклучил тој.

Оттаму се надеваат дека кампањата ќе ги охрабри бабите и дедовците и сите постари граѓани повторно да се обединат со своите сакани.

Автор: Лорен Виндл

Извор



912

X