За време на здравствената криза во 2020 година, многу идеи на родителите за начините на кои нивните деца ќе се родат се променија. Некои жени ги родија своите бебиња без своите партнери, што е навистина тешко и осамено искуство.

Кори Адјми е една од оние чии семејства биле погодени од новите правила во болниците поради ковид-19. Нејзината ќерка била бремена со првото дете кога сè во светот се промени. Во мај 2020 г. семејството од Њујорк забележало дека гувернерот Ендру Куомо ги прогласил дулите за есенцијални работници. Кори одлучила дека сака да присуствува на раѓањето на своето внуче, па дека тоа можеби е начинот за да го стори тоа. Во врска со нејзиното искуство таа напишала есеј.

– Мојата ќерка, Рејчел, забремени во април 2020 тогаш кога гувернерот Куомо испорача наредба за болниците во Њујорк каде што им се дозволува на жените кои се породуваат да бидат во друштво со лице за есенцијална поддршка во родилиштето – објаснила Кори.

Таа зборувала на оваа тема со ќерка си. Била тука за нејзиното прво породување, па сакала повторно да го има тој специјален момент и вториот пат.

„Рејчел навистина сакаше да бидам со неа. И јас го посакував тоа. Бев до неа кога го раѓаше првото дете и тоа беше навистина специјално искуство. Знаев дека мојата улога тука е важна и не беше во ред да помине низ породувањето без личност што ја поддржува. Она што го прави една мајка, или една дула, е различно од она што може да го прави партнерот. Сите три лица имаат неопходно место, но едноставно се различни. Завршив интензивен онлајн-курс. Траеше 3 дена, од 9 часот наутро до 19 часот навечер. Имаше многу за читање и многу видеа за гледање. Имав малку претходно искуство, па морав да добијам и препорака од лекар, кој ќе потврди дека сум вредна, компетентна и професионална во такви случаи. Морав да добијам и белешки од други мајки. На крајот имаше неколку тестови, со понудени повеќе избори и еден есеј“, раскажува Кори.

Имало неколку работи што Кори ги научила во процесот на станување дула кои биле предизвик за неа бидејќи морала да ги одвои карактеристиките на мајчинството во себе.

„Како индивидуа, имам сопствени верувања, допаѓања, мислења. Како дула, морам да ги задржам своите мислења за епидурална анестезија или доење за себе. Во мојата улога како дула одржувањето на тие граници е важно бидејќи дулите се тука да едуцираат и да ги охрабруваат мајките“.

„Се разбира дека повторно би го сторила истото“, додала Кори. „Поминав низ сите чекори бидејќи оваа работа е значајна за мене. Го чувствував некако како повик, дури и пред да добијам сертигикат. Охрабрувањето и поддржувањето на жените ми носи голема радост!“, истакнала Кори.

Процесот на пречекување дете во светот изгледа различно за различни семејства. За Кори, Рејчел и нивното семејство, овој сертификат е правилната одлука. Денес, многу други жени низ светот го избираат истиот начин за дополнителна поддршка за време на тоа чудесно искуство.

Автор: Анџела Андалоро

Извор



912

X