Секоја година божиќните џемпери стануваат сѐ поголем празничен феномен, па дури и се организираат забави посветени исклучиво на нив. Всушност, традицијата „Грди божиќни џемпери“ во Америка и во Велика Британија почнала со ТВ-реклами во 50-тите години. Денес, луѓето од целиот свет имаат еден или два џемпери со новогодишни и божиќни елементи, ирваси, Дедо Мраз и снегулки.

Но, оваа баба од Велика Британија го однесе изгледот на џемперите на сосема ново ниво.

Сè почнало кога Џуди Кордернер, горда баба од Велика Британија, ѝ сплетила џемпер на внуката по повод домашната задача која ѝ била дадена – учениците да дизајнираат сопствен божиќен џемпер. Домашната задача била дел од иницијативата за собирање средства за време на „Денот на божиќниот џемпер“ во самото училиште.

Бабата добила идеја да го сплети вистинскиот џемпер на нејзината внука и да го објави на нејзиниот твитер-профил.

– Мојата внука имаше домашна задача да дизајнира божиќен џемпер, а јас одлучив да го направам – напиша бабата.

Внуката била пресреќна кога баба ѝ ѝ го дала џемперот, па бабата ја објави внуката на „Твитер“:

– Изгледот на нејзиното лице кога го отвори подарокот беше бесценет.

Извор



912

X