Една од придобивките во деветмесечната бременост е тоа што имате време да планирате. Можете да испланирате совршена детска соба, да разговарате за тоа како ќе се вика вашето бебе, па дури и да почнете да планирате кој ќе се грижи за вашето бебе кога ќе почнете на работа.
Без оглед дали ќе се потпрете на градинка, бабата и дедото или комбинација од двете, важно е да се осигурите дека сите страни се согласуваат со вашиот план и никој не се чувствува искористено.
Но, една баба на „Редит“ го сподели нејзиниот проблем објаснувајќи ја ситуацијата во која се наоѓа.
– Мојата ќерка има 29 години и има едногодишен син. Наскоро ќе се врати на работа. Работи 5 дена во неделата, околу 7-8 часа дневно, од 7:30 до 15:00 часот. Ме праша дали ќе сакам да го чувам нејзиниот син два или три дена во неделата – пишува бабата.
Таа додава дека би сакала да помине квалитетно време со нејзиниот внук, па побарала од ќерка си плата од 12 долари за час за да го направи тоа.
– Таа ја разбра мојата потреба за парите, но потоа ми спушти на 10 долари на час, тврдејќи дека не може да си ја дозволи таа сума со својата работа од 22 долари на час. Јас не сум дневен престој, имам сопствен живот, работам за себе и мислам дека таа треба да сфати дека се откажувам од моето време кога работам од дома. Па ако се откажам од тоа време, тогаш се откажувам и од тие пари. Затоа ми требаат парите, за да ја заменам работата од која се откажувам – пишува таа.
Бабата додава дека таа си го сака внукот, но ако е кај неа дома, тоа значи дека таа пропушта приход. Но, нејзината ќерка ѝ вели дека тоа се „само“ два до три дена неделно, со оглед на тоа што родителите на нејзиниот сопруг го имаат останатиот дел од неделата.
– Си го сакам внукот, но како што наведов погоре, јас не сум дневен центар за грижа на деца.
Луѓето веднаш почнаа со критики, велејќи дека бабата има недостиг на емпатија за ситуацијата на нејзината ќерка. Освен тоа, бабата беше критикувана затоа што го сменила текстот на објавата за да ја намали сумата од 15 на 10 долари на час.
– Само кажи дека не сакаш да го чуваш детето. Бараш 2/3 од парите што ќерка ти ги заработува пред тие да бидат оданочени. Очигледно е дека не може да си го дозволи тоа – вели еден интернет-корисник.
Други корисници велат дека бабата греши, не затоа што бара исплата, туку затоа што не признала дека не сака да го чува внучето.
Некои се согласуваат дека жената има право да бара да биде платена, особено ако изгуби пари помагајќи ѝ на нејзината ќерка, но нема право да бара толку многу. Зошто? Затоа што нема професионални квалификации за згрижување деца, ниту сертификат за прва помош, ниту диплома за рано детско образование.
– Мајката веројатно ќе треба да го плати тоа и во дневен детски центар – можеби и повеќе. Но, еден центар доаѓа со квалификации и сертификати. Зошто се чувствувате како да заслужувате плата речиси еднаква на професионалните работници во дневен центар? – пишува еден интернет-корисник.
– Во мојата област, ова се квалификации за платени работници кои истовремено се грижат за повеќе од едно дете – пишува друг.
Дали сметате дека бабата е во право?