Во моментот околу 300 милиони деца низ светот не можат да одат на училиште поради пандемијата со коронавирус.
Многу родители се соочуваат со проблем: не можат да смислат доволно активности за нивните деца дома. Учењето со нив дома исто така не е лесна работа. Токму поради оваа причина, се зголемуваат онлајн образовните ресурси, олеснувајќи им го животот на илјадници родители низ светот.
Мо Вилемс, автор и илустратор на бестселери, неодамна објави дека секој ден на „Јутјуб“ ќе одржува часови по цртање. Неговите сесии се наречени „Ланч Дудлс“, а цел е да го задржи вниманието на децата и да ги научи да цртаат. Лекциите ќе траат приближно 20 минути.
– Знам дека повеќето од вас не одат на училиште. Сега сте дома поради работите што се случуваат. Но, погодете што? И јас сум дома, па ќе се дружиме заедно – вели Вилемс во воведното видео.