Воспитување

Аворитетот кај децата се стекнува преку љубовта

Љубовта бара жртва, а често бара и многу време. Посветете најмногу внимание на сопственото образование и созревање за да бидете подготвени да им го дадете на своите деца вистинското знаење. Бидете подготвени и сè што ќе им кажете, кажете го со љубов, а пред сè, со радост.

Покажете им ја целата своја љубов, при што треба да знаете што сакате и што изговарате. Покрај тоа, потребни се и вештини при однесувањето со децата. Во врска со тоа, во мое време слушнав нешто интересно и духовито. Па, внимавајте:

Некој наставник, инаку задоволен од своите ученици, страдал поради злобата на еден ученик и сакал да го избрка од училиштето. Во меѓувреме дошол нов наставник кој го презел неговиот час. За конкретниот немирен ученик навреме добил соодветни известувања. Новиот учител, откако дознал, меѓу другото, дека ученикот многу сака да вози велосипед, штом влегол на час следниот ден рекол:

„Деца, имам проблем: живеам далеку, а кога одам подолго време, ме болат нозете. Би сакал да користам велосипед, но не знам да возам. Има ли некој меѓу вас што може да ме научи да возам велосипед?“

Непослушниот ученик веднаш скокнал.

-Јас ќе те научам!

-Знаеш?

-Да, знам.

Оттогаш тие станале многу добри пријатели. Дури и стариот учител се растажил кога го видел тоа. Почувствувал дека самиот не бил способен да му се наметне на ученикот како авторитет.

Старец Порфириј Кавсокаливит, „За воспитувањето на децата“

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top