Тру Бир е родена 14 недели порано и тежи само половина килограм. Но таа е вистински воин кој се бори уште од првиот здив. Иако долго била задржана во болница, сепак, нејзиниот престој бил исполнет со љубов, насмевки и солзи. Со постојано внимание од родителите и медицинскиот персонал, успешно ги надминала многубројните медицински процедури и ги издржала продолжените третмани и лекувања.

Храброто девојче е пример за вистински борец, како и нејзините родители кои, и покрај тешките моменти, успеваат да го задржат позитивниот дух и да бидат тука за своето дете. Видеото што ќе го погледнете доби низа позитивни коментари и споделувања, а предизвикува многу емоции, а најмногу од сè трогнува борбеноста на ова мало бебе, кое храбро се справува со предизвиците на почетокот од својот живот.



912

X